Дома Македонија Љубчо Георгиевски: Ако Македонија во 2001 се поделеше, денесе ќе бевме побогати...

Љубчо Георгиевски: Ако Македонија во 2001 се поделеше, денесе ќе бевме побогати од 10 држави во ЕУ

Новинарот Васко Ефтов, на својот профил на социјалните мрежи објави старо интервју со поранешниот Премиер и лидер на ВМРО-ДПМНе, Љубчо Георгиевски и го нарече едно од најконтроверзните и најгледани негови интервјуа.

Во него Георгиевски како и многу пати претходно предвидува некои настани, кои по многу години навистина се случуваат, а тој во моментот на соппштување на неговите размислувања е остро напаѓан од колегите политичари и јавноста.

На крајот од интервјуто, Васко Ефтов го прашува Георгиевски дали мирно ќе спие, по сите ставови изнесени во емисијата, а најмногу поради неговите тези за Гоце Делчев и многу друго.

Разговорот е воден некаде пред десетина години, а ставовите и тезите на Георгиевски се обистинуваат токму овие месеци. Погледнете го интервјуто: