Дома Македонија Нова изјава од Катица Јанева: Со Орце преговарав да стане соработник –...

Нова изјава од Катица Јанева: Со Орце преговарав да стане соработник – сведок

Loading...

Денес низ медиумите се појави нова, трета снимка од разгоцори меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев. По тој повод, обвинителката Јанева на сајтот на СЈО даде ново објаснување:

Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници.

Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.

Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.

Loading...