Дома Останато Колку Македонци има во Австралија, Америка и Канада

Колку Македонци има во Австралија, Америка и Канада

САД: Македонците во САД најмногу се сконцентрирани во северните и североисточните делови на државата и по брегот на Атланскиот Океан и нивната бројка се движи помеѓу 100.000 и 150.000 луѓе.

Голем број Македонци има во сојузните држави Њујорк, Мичиген, Њу Џерси, Флорида, Охајо, Вирџинија… а во последно време се зголемува и бројот на Македонци во западниот дел на САД, особено во Калифорнија.

Канада: Македонците во Канада најмногу се населени во јужниот и југоисточниот дел на државата, а нивната бројност е околу 150.000 луѓе.

Најголем број на Македонци има во сојузните држави и градовите Торонто (најмногу иселени од Тетовскиот и Преспанскиот регион) како и во Отава, Винздор, Квебек, Онтарио и др.

Австралија: Првите доселувања се забележуваат на почетокот, и во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век. Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид… Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија.

Поради својата голема бројност (над 200.000), во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и ТВ емисии.

Весник.ком