Дома Балкан Александар Вучиќ бил прислушкуван цели 13 години

Александар Вучиќ бил прислушкуван цели 13 години

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ во континуитет бил прислушуван 13 години.

Најпрвин во периодот од 1995 до 2000 година, потоа повторно од 2000 до 2003 година и посебно, на, како што рекол Стефановиќ, перфиден начин во периодот од 2007 до 2012 година, пренесува РТС.

Како што појасни Стефановиќ, биле следени комуникации што српскиот претседател ги имал со 10-12 лица, додавајќи дека не е покрената постапка против ниту едно лице за прислушувањето, ниту е поднесена кривична пријава.

Стефановиќ информирашње дека полицијата има одреден напредок во истрагата, која како крајна цел ќе има потополно расчистување на случајот.