Дома Македонија Вонреден прес на Заев – вели дека ако има избори наесен, ќе...

Вонреден прес на Заев – вели дека ако има избори наесен, ќе остане истата влада

Loading...

Премиерот Зоран Заев пред малку на прес-конференција го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерска средба во петок во Клубот на пратеници со почеток во 14 часот.

Заев ги покани и лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на средбата, на која, како што најави тој, треба да се разговара за Изборниот законик, иднината на СЈО и за пописот.

Тој рече дека нема многу време и лидерите треба да постигнат консензус за овие прашања за да може земјата да добие датум за преговори во октомври.

На укажување од новинарите дека Мицкоски прифаќа лидерска само за да се разговара за предвремени избори, Заев вели дека тоа би било само губење време, бидејќи, ако наесен има избори, неговата партија повторно би победила.

Loading...