Дома Балкан (ВИДЕО) Се огласи Ноле Џоковиќ по поканата од Заев да ја посети...

(ВИДЕО) Се огласи Ноле Џоковиќ по поканата од Заев да ја посети МАкедонија

Србинот Новак Ѓоковиќ и светски тенисер број еден, вчера го освои Вимблдон, а на прес – конференцијата порача дека ќе дојде во Охрид, бидејќи мора да ја види убавината на македонскиот езерски бисер.

-Благодарам многу за поддршката. Не ми е тука кумот, тој беше учесник на забавата кога пеевме минатата недела. Ја видов поканата да ја посетам Македонија и го прифаќам повикот, но не можам да кажам кога ќе дојдам.

Сепак, сигурно ќе ја посетам Македонија, бидејќи морам да го видам Охрид, рече Ѓоковиќ.

Србинот се израмни со Бјорн Борг со пет титули на грен слем турнирот во Лондон, а со 16 во кариерата продолжи да ги брка водечки Федерер и Надал.