Дома Останато Пилот на Црногорски авион загубил свест – еве што кажуваат преплашените патници

Пилот на Црногорски авион загубил свест – еве што кажуваат преплашените патници

Патниците и екипажот останале исплашени откако виделе дека пилотот се онесвестил пред нив, додека леталото во кое биле почнало да се спушта. Копилото на авионот „Фокер 100“ информирал дека дека е донесена одлука авионот да слета во Калуга, место оддалечено на околу 200 километри од Москва.

Туристите на летот рекле дека авионот со 85 патници и пет членови на екипажот се вртел во воздух за време на драмата.

Настја, една од патничките за медиумите рекла дека понекогаш плаче за време на полетување и слетување со авион, но дека никогаш не плачела како тој ден. Некои извештаи велат дека на пилото му било лошо и отишол до тоалет, но се онесвестил на подот пред очите на птниците.

Туристката Татјана Смирнова, која исто така била на летот, рекла дека целиот лет бил драматичен.

„Авионот одеднаш скокна, еден човек излезе од кокпитот и падна во ходникот. Подоцна сфатив дека тоа е пилото. Стјуардите почнаа да бараат доктор, паниката растеше. Лицето на онесвестениот пилот стана сино.

Потоа млада жена потрча кон него и почна да му пружа прва помош. Авионот брзо почна да се спушта. Луѓето плачеа, како и јас. Некој се прекрсти. Но, другиот пилот си ја одработи својата рабопта, сите патници аплаудираат“, рекла Татјана.