Дома Македонија ДУИ го бара местото Гувернер на НБРМ – имаат и спремен кандидат

ДУИ го бара местото Гувернер на НБРМ – имаат и спремен кандидат

Loading...

Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.

Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.

Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБСМ.

Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за назначување на Бесими на чело на НБСМ, што беше потврдено и од премиерот Зоран Заев.

Извор: Скопје1

Loading...