Дома Македонија Ванковска: Дали Пендаровски рекол „љубави“ или „хубави“ е сеедно – и едното...

Ванковска: Дали Пендаровски рекол „љубави“ или „хубави“ е сеедно – и едното и другото е недолично

Билјана Ванковска: ,,Не ми се верува на какви се’ глупости (и недоветни луѓе) губиме време! Како што разговорите на ЗЗ со руските новинари зборуваат многу за отсуството на секакво државничко чувство, професионалност, однос и претпазливост, истото се однесува и на Пендаровски!

Дали рекол „љубави“ или „хубави“ е сосема сеедно, бидејќи и едното и другото е недолично дури и за полуформална комуникација со странски државници. (Од снимката е очигледно дека Стево наш за првпат се среќава со Брнабиќ, која поздравувајќи го му се претставува, што значи дека љубави/хубави мора да се однесува само на Борисов – освен ако Стево така им се обраќа и на непознати!)

Loading...

Ова е само пикантерија, поглед од врвот на сантата – која е огромна, и на која е насукан македонскиот Титаник-држава! Веројатно е попаметно да гледаме и слушаме повнимателно што се случува во држава во која НЕМА ПРАВО, во која постои lawlesness (извинете за англискиов ама подобар термин не можам да најдам, а неговото значење во речниците се опишува како a state of disorder due to a disregard of the law).

На овие недоделкани толку им сече умот и тоа не може да биде тајна за меѓународните партнери. (Можете само да замислите како божем преговарале или ќе преговараат за важни државни прашања!! Како инфантилни, со мобилни апликации на смартфони си праќаат сликички и емотикони, гарант!).

Таму немаме можност ни да влијаеме (колку и да се лицкаат Никола Димитров и Шекеринска, настрана најверојатно превртуваат очи од шупелкиве што и нив ги срамат). Она што е битно е што ние молчиме пред газењето на секоја трага од држава и право на локално ниво!!!

Локалните шерифи се поопасни и последиците од нивниот башибозук директно ни се удира од глава! Замислете навистина да постоеше протестно движење (шарено или какво и да е) – па досега стопати ќе му ја офарбаа пицеријата на оној силеџијата кај чинарот, ќе направеа кордон за саботажа на нејзиното работење и сл. (Не сум била за да знам, ама какви сме наскоро ќе стане најпопуларно место за дружење, како и платформите на Матка).

Ех, хубави и љубави, отиде Македонија (по ѓаволите) – одамна. Ни сама не знам зошто воопшто и се нервирам кога е се’ загубено. Ќе промрчиме на ФБ и толку! Затоа што ама ИЧ не ни е гајле за оваа земја, ИЧ!”

Loading...