Дома Свет Протести по улиците на Москва, демонстрантите извикуваат: Путин е крадец

Протести по улиците на Москва, демонстрантите извикуваат: Путин е крадец

Преку илјада луѓе се собраа денес во центарот на Москва барајќи изборната комисија да ја прифати кандидатурата на опозицискиот кандидат на изборите за градско собрание во септември.

Собирот е одобрен како митинг на опозициските лидери и нивните гласачи, бидејќи Московската изборна комисија одби да ја прифати кандидатурата на нивните неколку претставници поради неважечки потписи. Демонстрантите извикуваа „Ние сме тука власт“ и „Путин е крадец“.

Најпознатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални се уште не пристигнал на собирот, кој руските власти го дозволија. Засега нема ниту едно апсење.

Иља Јашин, еден од кандидатите за чија кандидатура потписите се прогласени за неважечки, побара од демонстрантите да тргнат со него до канцеларијата на градоначалникот и да ги изнесат своите изборни барања.

Извор: ТВ21