Дома Македонија Најчевска: Или ќе почнете да се разликувате или променете го името во...

Најчевска: Или ќе почнете да се разликувате или променете го името во СДСМ-ДПМНЕ

Статус на Мирјана Најчевска: Според СДСМ: “Денес сите граѓани имаат еднаква шанса за вработување, а ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизам, партиски вработувања и лажни вести нема кредибилитет да зборува за партизација” наведуваат од СДСМ од каде доплнуваат дека”Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции”.

Прво, не не е точно дека сите граѓани имаат еднаква шанса за вработување. Второ, секоја партија може да критикува партија која е на власт и за тоа не и треба никаков кредибилитет.

Loading...

Трето, Тоа што високи функционери во поранешната власт биле корумпирани, никако не е аргумент дека високи функционери на актуелната власт не се корумпирани. Можам слободно да ги променам имињата на партиите и ќе добијам текст кој може да бил напишан во 2008, 2009, 2010, …

Или ќе почнете да се разликувате или променете го името во СДСМ-ДПМНЕ. Што би било поинаку:

– да се негира (ако не е точно)

– да се објасни (ако е точно)

– да се дадат аргументи со кои ќе се оспори тврдењето (ако не е точно)

– да се прифати критиката (ако е точно)

Loading...