Дома Македонија Кочо Анѓушев: Јавноста треба да знае – половина од кинеските возови се...

Кочо Анѓушев: Јавноста треба да знае – половина од кинеските возови се неисправни

-Од шест гарнитури дојдени од Кина за патничкиот сообраќај половина се веќе неисправни. Договорите се такви да треба да се одржуваат во Кина. Тука треба јавноста да знае дека тие се уште не се ниту технички примени.

Убаво што се возевме, убаво што ги видовме, но не се технички примени затоа што не ги задоволуваат условите по договор, затоа има постапки што ги водат институциите – рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Loading...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инаку ги набави возовите во 2015 година, за близу 25 милиони евра, а државата парите ги обезбеди од кредитот на ЕБРД.

Што се однесува до договорот за локомотите, напомена тој, четири исто така требаше да пристигнат од Кина.

-Првата требаше да пристигне во јануари 2018, а тек сега пристигнува, врз основа на договори од 2016 година. Тоа јавноста треба да го знае – додаде Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека Македонски Железници е во тешка и незавидна финансиска состојба со долг од 80 милиони евра, не сметајќи ги тука каматите.

-Нови набавки во железницата не треба да има затоа што Железницата, ние мора отворено да кажеме, има над 80 мил евра долгови без камати. Железницата е во многу тешка состојба која што е наследена и предизвикана од ваквите потези, мислам дека таквите информации со јавноста треба да бидат споделени.

Целиот текст прочитајте го на Фокус

Loading...