Дома Останато Како изгледа животот на сопругата на Бил Гејтс – еден од најбогатите...

Како изгледа животот на сопругата на Бил Гејтс – еден од најбогатите луѓе на светот

Мелинда е дипломиран информатичар и економист. Сопругата на Бил Гејтс со години работеше како менаџерка во Мајкрософт, но успешната кариера ја напушти поради семејството. Паралелно се посвети на филантропијата и на хуманитарната работа и, како што изјави во едно интервју, никогаш не зажалила за оваа нејзина одлука.

Редовно е на листата со најмоќни жени во светот според Форбс, а во книгата The Moment Of Lift: How Empowering Women Changes The World откри како успеала да се избори за еднаквост, но и како нејзините животни потези влијаеле на заедницата во која живее.

Мелинда и Бил биле речиси седум години во врска пред да се земат во 1994 година. По две години на заедничко патување во Кина открила дека е бремена. Во тој период Бил комплетно бил посветен на работата во Мајкрософт, исто како и таа, па наводно не знаела како ќе му соопшти дека ќе станат родители. Кога се вратиле дома, го седнала и му објаснила.

– Нема повеќе да работам откако ќе го родам бебето. Нема да се вратам на тоа темпо на живот. Доволно сме среќни и не ни е потребна мојата плата. Сакам да го подигнам семејството. Ти сигурно нема да ги намалиш работните саати, а не гледам решение како би го вклопила времето кое ми е потребно за кавалитетна работа со времето за грижа во смејството – раскажа подоцна Мелинда.

Тоа значело крај на заедничката работа во Мајкрософт. Мелинда открива дека во тоа време се’ уште била онаа вообичаена перцепција според која мажот работи, а жената останува дома и се грижи за децата. Но, нагласува дека тоа секако треба да биде избор, а не обврска.

– Семејството се планира. Не е случајност што останав бремена после цели десет години работен стаж во Мајкрософт. Бил и јас бевме подготвени да имаме деца. Не е случајност што Рори се роди три години после Џен, а нашата друга ќерка Фиби три години по Рори. Ние така сакавме. Имав и среќа што можев да забременам тогаш кога посакував, но и што не морав да раѓам кога не сакав – истакна Мелинда.