Дома Магазин Лозано се отвори за поранешната вереница – споменува и неверство

Лозано се отвори за поранешната вереница – споменува и неверство

Влатко Лозановски ја одбележа минатата и оваа година на Македонската музичка сцена. Километри, Мајка, Ми фалиш и останатите се интерпретираат речиси на секоја забава кај нас. После Тоше, се чини дека Лозано е новиот идол на помладите генерации.

Тој во емисијата “Живот со стил”, проговори за приватниот живот:

-Сѐ уште комуницираме со Савка. Останавме пријатели и не гледам причина зошто да не биде така, се отвори Влатко Лозаноски.

Водителката Елена Стефановска го испровоцира да зборува за љубовниот живот, за периодот пред и по раскинувањето на свршувачката со манекенката Савка Грачанин, особено по натписите во повеќе портали дека неверството е причина за нивното разидување.

– Сум простил неверство – призна Лозано, но не прецизира далу во прашање е неговата сега веќе поранешна вереница или некоја друга девојка.

Лозано во моментов е фокусиран на претстојниот голем концерт на 2 август закажан на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.