Дома Македонија ФОКУС: Пендаровски не му вели на Борисов ,,Љубави”, туку ,,Хубави”

ФОКУС: Пендаровски не му вели на Борисов ,,Љубави”, туку ,,Хубави”

Видеото каде претседателот Стево Пендаровски се поздравува со бугарскиот премиер Бојко Борисов, се прошири вчера на социјалните мрежи и порталите, но беше погрешно интерпретирано од дел од медиумите.

Под влијание на српските новинари што ја пренесоа веста, нашите портали напишаа дека Пендаровски му се обраќа на Борисов со „љубави“, што не е точно. Пендаровски, како што не информираше, кога ги забележал Ана и Бојко и решил да им се придружи, всушност на бугарски јазик им вели „Каде сте, хубави?“, пренесува Фокус.

На средбата во Сараево на Самитот на шефови и држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот му пренесе и поздрави на Борисов од премиерот Зоран Заев, по што бугарскиот премиер му рече „Седи тука при нас бре“.

Инаку, Борисов го пофалил Пендаровски дека добро го познава бугарскиот јазик.

Извор: Фокус