Дома Останато Барањето мора да се поднесе лично – потребни документи за вадење Германска...

Барањето мора да се поднесе лично – потребни документи за вадење Германска работна виза

Термини можат да се закажат само онлајн преку врб-страната на Германската амбасада. Барањето се поднесува само лично. Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

Два формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви),

Две биометриски фотографии од понов датум,

пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии,

договор за работа: потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за работната позиција, почетокот и времетраењето на вработувањето, висината на
надоместокот (во Евра), работното време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии,

формулар за oпис на работното место (Stellenbeschreibung), од работодавачот пополнет и потпишан, во оригинал и 2 копии.

доказ за сместување или потврда од работодавачот за обезбедено сместување, во оригинал и 2 копии.

Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи

Извор: Германска амбасада Скопје