Дома Македонија Трифуновски: Од Пендаровски очекував да биде капка интелегенција во морето од глупости

Трифуновски: Од Пендаровски очекував да биде капка интелегенција во морето од глупости

Виктор Трифуновски: ,,Она што беше Колишевски за Белград, тоа е Пендаровски за Брисел

Никогаш не сум го поддржувал Пендаровски. Не само поради блискоста со СДСМ, туку и поради блискоста со политичките фактори во САД. Пендаровски е близок со Америка на Хилари, Бајден, Пелоси, Шумер…а тоа е губитничка Америка, тоа е некапиталистичка Америка. Тоа е политика која на Америка и создава непријатели, лажни сојузници…и конечно, тоа е Америка на двојните стандарди.

На долг рок (можеби не во наредниве два изборни циклуси) две водечки политички сили ќе бидат оние околу Берни Сандерс и Александра Оказио Кортез во левиот блок…односно екипата околу Тед Круз и Марко Рубио во десниот блок…без разлика кој и да биде претседател. Нивните тимови продираат длабоко во длабоката држава, нивните митинзи се најпосетени, нивните идеи и коментари предизвикуваат најмногу реакции во американската јавност… а со нив Стево Пендаровски како „американски човек“ нема никаква врска.

Второ, од Пендаровски очекував да биде капка интелегенција во морето од глупости кои ги направи оваа влада. Барем мала корекција на дипломатски план, и колку толку исправување на дел од штетите кои ги нанесоа Димитров и Заев. На средбата со Борисов, кој е интелектуално далеку поинфериорен од Пендаровски, пристојно ќе беше барем да ја бранеше идеата „Северна Македонија на патот кон ЕУ“ …а тој не го направи ниту тоа.

Очекував да каже, да го побара од Борисов барем следново: „Добивте што сакавте, ајде сега гукнете во Брисел два збора за проширување во наша корист. Бидете некаква, барем минимална противтежа на Туск и Макрон“…барем нешто во тој стил. НИШТО!

Мислите дека гласот на Бугарија во Еу е безвреден? Бугарскиот претседател Румен Радев, алијас ФРЧИЛОТО како што го викаат во Бугарија, е вториот човек на КГБ, после Путин, кој дошол до претседателска функција во Европа. Тој е поранешен член на управниот одбор на ЛУКОИЛ-Бугарија, најголемата рафинерија на Балканот која годишно врти над 10 милијарди евра…а притоа покажуваат загуба, односно не плаќаат никаков данок.

На сите средби на НАТО, Фрчилото лобира за укинување на санкциите кон Русија. Фрчилото е најголемата кочница на бугарската набавка на американските авиони Ф16 кои треба комплетно да ги заменат старите МИГ29, со кои Фрчилото летал како поранешен воен пилот.

За да го амортизира ваквото руско влијание, САД и ЕУ во мај и јуни годинава, и испорачаа на Бугарија американски гас по двојно пониска цена од рускиот. Значи Бугарија има адути за пазарење со ЕУ, па дури и да е единствен (а не е) бугарскиот глас во Брисел не останува нечуен. Пендаровски ова неможе да не го знае, и барањето за бугарско лобирање требаше да биде минимум што може да го направи…а не го направи.

Тоа што му се обратил на Бојко со „Љубави“ е маргинален дипломатски гаф. Киксовите на Заев може само да се споредат со оние на Мистер Бин… и неверувам дека Стево може да го надмине, дури и да сака. Но она што е најважно, после оваа средба, Пендаровски испаѓа конформист сличен на Лазар Колишевски.

Сличен на врвот на ЦК СКМ од 1980-тите како Милан Панчевски, Јаков Лазаровски, Драгољуб Ставрев… за кои еден Циле Тупурковски беше недостижна величина. Врвот на македонските комунисти од последната декада на СФРЈ беше толку неупотреблив, што дури и стариот Крсто Црвенковски јавно бараше да си заминат од функциите. Иако не го поддржувам, до ден денес не верував, дека Пендаровски ќе биде до тој степен неупотреблив.”