Дома Македонија Дали ова со провокацијата кон Заев беше смислен атак кон МПЦ

Дали ова со провокацијата кон Заев беше смислен атак кон МПЦ

Loading...

,,…Вселенската патријаршија одлучи да почне да го разгледува барањето на МПЦ за решавање на нејзиниот статус. Упатените велат дека СПЦ ова прашање го отвора сега, бидејќи стравува дека Вселенскиот патријарх би можел да го примени украинскиот модел и за МПЦ, односно дека нема да се чека црквата мајка на МПЦ, која е СПЦ, да ја признае црквата, туку тоа директно ќе го стори Вселенската патријаршија.”, напиша порталот ,,Слободна Европа” во мај оваа година.

Минатата и особено оваа година, сѐ погласни беа најавите дека би можел да се реши многудеценискиот спор, односно МПЦ да ја добие својата афтокефалност. И одеднаш, се појавува аудио снимката со двајцата пранкери од Русија, кои успеале да ја изиграат довербата на премиерот Заев, па тој мислел дека навистина разговара со украинскиот лидер Порошенко.

Премногу е наивно да се верува дека ова се обични комичари, на кои ептен случајно им паднало напамет да поставуваат вакви суштински прашања и тоа токму сега, кога можеби решението на Вселенскиот патријарх чекало да ја види светлината на денот. Тие токму сега одлучуваат да ја споделат аудио снимката.

Наивно, знаејќи како функционираат службите и како некои наши соседи не седат со скрстени раце, чекајќи некоја одлука да падне од ,,небо”. Работеле нашите власти и црковни великодостојници за позитивно решение, но сосема сигурно, работеле и ,,оние другите”, на кои не им одговора да ја загубат неформалната власт над нашата црква.

Што е целта и дали ќе успеат во своите намери?

Очигледно е дека преку провокациите за наводно мито за Вселенскиот патријарх, целта на ,,комичарите” била да се стопира овој процес. Бидејќи, замислете сега Вселенскиот патријарх да донесе одлука во наша полза, какви би биле реакциите.

Од друга страна, премиерот Заев во аудио снимката, тоа може добро да се чуе, не споменува никакво мито, туку зборува за донација која е најнормална работа секаде во светот, кога се работи за верски објекти, нешто што е познато со векови, во сите религии.

Токму на овој начин се изградени верските објекти, со донации од верници и добронамерници.

Сега ние немаме намера да го оправдуваме премиерот Заев, кој несомнено наивно им поверувал на измамниците, но тој многу убаво објаснува дека неговото семејство во минатото е голем донатор, пред сѐ, на градежен материјал, но и финансиски средства за изградба на храмови, па така, не би му претставувало проблем истото да го стори и со Вселенската патријаршија, ако за тоа има потреба.

Ќе биде навистина штета, доколку напорите на оваа влада за решавање на многудеценискиот црковен спор пропаднат. Медиумите но и сите ние, кои се чувствуваме и декларираме како православни христијани, а наша матица е МПЦ, треба да помогнеме со охрабрување и молба до Вселенскиот патријарх, да не влезе во оваа, многу веројатно, разузнувачка замка и да ја донесе единствено исправната одлука, а тоа е признавање на МПЦ, применувајќи го токму украинскиот модел.

Петар П.

Loading...