Дома Македонија Зоран Заев: Граѓаните да бидат спокојни, стануваме членка на НАТО

Зоран Заев: Граѓаните да бидат спокојни, стануваме членка на НАТО

Познат сум како човек кој ги реши проблемите со соседите, направивме една инклузија овде дома, рече премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за телевизијата Клан.

„Граѓаните да бидат сигурни и спокојни, Северна Македонија станува членка на НАТО, нема менување граници, имаме траен мир.

Зборувам дека сите треба да влеземе во Европа. Нашиот народ стои позади одлуката за членство во НАТО, ние политичарите сме должни тоа да го испорачаме.

Сум докажал дека останувам со внимателен однос и кон Република Србија и Косово дека треба крајно решение за траен заеднички мир, рече Заев.