Дома Балкан Туристка од Молдавија очевидец раскажува: Настраданите беа заглавени под дрво

Туристка од Молдавија очевидец раскажува: Настраданите беа заглавени под дрво

Вчера во Грција невремето кое изминативе два дена беснее на Балканот, приреди незапамтена олуја од дожд и ветер кој корнеше дрвја од корен и носеше кровови од куќи. Најголем број од настраданите се од удар од тврд предмет.

Туристка од Молдавија опишува како луѓето почнале да трчаат кога неочекуваната олуја го погоди и градчето Неа Потидеа на Халкидики, регион во кој синоќешното невреме однесе шест жртви.

– Сѐ се случи ненадејно. Наеднаш, сите почнаа да трчаат. На почетокот, некои дури си мислеа и дека е шега – изјави оваа туристка за агенцијата ANA-MPA, пренесе Катимерини. Таа раскажува за морничавата глетка.

– Кога стапнавме во собата, сѐ беше темно, немаше струја. Излеговме на балконот и имаше што да видиме – сите дрвја беа откорнати – изјавила Молдавката. Кога дождот запрел, некој почнал да вика дека има луѓе заглавени под дрвјата.

– Ги баравме околу два часа, кога човекот којшто ги најде извика: Тука се! – изјави таа, мислејќи на човекот и детето од Русија кои загинале во синоќешното невреме.