Дома Македонија Најчевска: До кое дереџе стигнавме – Илија Димовски да ни го плеска...

Најчевска: До кое дереџе стигнавме – Илија Димовски да ни го плеска во лице

Мирјана Најчевска: ,,Кога нема да направиш видливи промени, Кога нема да направиш видлива разлика, Кога ќе ги употребуваш истите зборови и реченици, Кога твоите апологети се исти како апологетите на претходните,

Кога непотизмот ќе продолжи да царува, Кога патните трошоци на Бонева стануваат патни трошоци на сите пратеници, Кога нема да бидат воспоставени правила и критериуми и процедури,

Кога ќе се опкружиш со подлизурковци наместо со професионалци, Кога ќе ги продолжиш проектите кои претходно си ги плукал, Кога ќе ги п/оставиш на раководни позиции луѓето кои си ги критикувал, тогаш, Димовски ќе може да ти ги плесне во лице сите критики кои ги упатувавме до ВМРО-ДПМНЕ.

Мислам дека дури и не се трудат да смислат нешто ново, туку само прават копи-пејст и наместо ВМРО-ДПМНЕ ставаат СДСМ. И не е дека нешто многу грешат.@