Дома Македонија Летаа кровови и бандери во Преспа – децата од одморалиштето во Крани...

Летаа кровови и бандери во Преспа – децата од одморалиштето во Крани ќе бидат вратени дома

Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, Балканскиот  полусотроф беше зафатен од силно невреме, кое вчера не ја заобиколи ни нашата држава. Најлошо беше во Преспанскиот регион, особено во летувалиштата, Крани, Отешево…

Невремето синоќа половина час буквално корнеше дрвја, бандери и покриви од куќи во Преспа и направи голема штета. Децата кои летуваат во автокампот Крани ќе бидат вратени дома пред време, бидејќи таму веќе нема услови за престој, изјави за Телма телевизија, градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.

Тој вели дека утринава механизацијата ги расчистува патиштата, но нема застој на сообраќајот на патот кон Маркова Нога, бидејќи таму уште синоќа се интервенираше.

Невремето беснееше и во Грција, а на удар особено беше полуостровот Халкидики, каде што летуваат и многу Македонци. Се јавува за многу повредени, но и жртви во невремето.