Дома Македонија Илија Димовски: Пратеници на СДСМ се каат што гласале за промена на...

Илија Димовски: Пратеници на СДСМ се каат што гласале за промена на името

Вечерва во дебата на 24 телевизија, гости беа советникот на Премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ и пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Главна тема на разговорот беше последното наседнување на Премиерот Заев со руските провокатори. Илија Димовски посочи дека колегите на Заев, кои исто така биле провоцирани од руските пранкери, тоа го откриле за неколку минути:

-Макрон пранкерите ги откри за 4 минути, Борис Џонсон за 10 минути. Заев и вашиот кабинет не ги открија провокаторите цела година, истакна Димовски.

На ова Маричиќ одговори дека Заев со ништо не наштетил на интересите на државата, но и на пријателските држави. Пример за тоа е денешното ратификување на договорот за НАТО од страна на турскиот парламент, истакна Маричиќ.

Илија Димовски обзнани дека негови пратеници, од редовите на СДСМ, му се доверувале дека се ,,кабает” за гласањето за промена на уставното име Република Македонија.