Дома Останато Груевски сликан со ,,јака” женска (ФОТО)

Груевски сликан со ,,јака” женска (ФОТО)

Поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија непосредно пред да замине на одлежување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, има активен социјален живот во Бидумпешта.

Покрај останатото, Груевски присуствуваше на приватна бизнис забава во главниот унгарски град на 7 јуни во организација на Италијанската стопанска комора во Унгарија – ИТЛ груп, на која, како што објавија медиумите, 8 години по ред се собираат разни личности од јавниот и општествениот живот на Унгарија.

На една од фотографиите објавени на официјалниот фејсбук-профил креиран за овој настан, поранешниот македонски премиер е фотографиран до атрактивна девојка, која може да се види и на други фотографии направени за време на настанот.

Извор: Фокус