Дома Магазин Слаткар ја сними првата грчко – македонска песна (ВИДЕО)

Слаткар ја сними првата грчко – македонска песна (ВИДЕО)

Марко Слаткар сериозно ја сфатил агендата на актуелната власт за терање добросоедска политика. По неколкуте соработки со колегите од соседна Бугарија, на ред дојде да се „пробијат“ музичките граници и со Грција.

Слаткар деновиве ја објави песната насловена „Марија“, за која силите ги здружил со грчките колеги Слоган и Мосел.

„Го правиме ова возможно… Првата македонско-грчка соработка е сега на Јутјуб“, напиша музичарот, кој заеднички со Мосел и Слоган ги потпишува и музиката и стиховите.

Диџејот и продуцент Мосел ја потпишува и продукцијата, а аранжманот му е заеднички со Иван Јованов, кој се погрижи и за миксот и мастерингот.

Веруваме дека ако дојде време за приспитување на авторството, двете засегнати страни ќе најдат „компромисно“ решение за спорот, чија е песната, со оглед на тоа што се работи за заедничко авторство на музиката и стиховите на „Марија“… Та била „Марија мета китрина“ или „Марије млада невесто“, сеедно… Името во песна го имаме и ние и Грците.

Loading...