Дома Магазин Нашиот постојан ,,Конзул” во Њујорк, Владимир Четкар објави исечок од својот најнов...

Нашиот постојан ,,Конзул” во Њујорк, Владимир Четкар објави исечок од својот најнов проект

Не, не е нескромно ако се каже дека нашиот најпознат Џез музичар, автор и интерпретатор, Охриѓанецот Владимир Четкар е наш постојан конзул во Њујорк, во вистинска смисла на зборот.

Политичарите доаѓаат и си одат. Амбасадорите одат во државите каде се назначени, а за нив најчесто слушаме кога ќе бидат назначени и кога ќе ги разрешат. А да, може да се слушне за нив и кога ќе излезе некоја афера, најчесто финансиска.

Развиените земји веќе одамна сфатија дека најголемите амбасадори во странство се спортистите и уметниците. Тоа, последниве години преку ракометниот клуб Вардар, го осетивме и ние и особено преку нашиот најпознат џез артист, Владимир Четкар.

Родениот Охриѓанец, школувањето го заврши на музичкиот колеџ Беркли, а искуството го собираше на настапи насекаде низ светот. Музичката критика го опишува како еден од најталентираните во областа на џезот, соулот и фанкот.

Четкар живее во Њујорк, каде и настапува, но не само таму. Тој е чест гостин во сите поголеми Американски и Канадски градови, каде е особено ценет, а неговите концерти и клупски свирки извонредно посетени.

Но Четкар не може без својот Охрид. Тој е постојано на релација Њујорк – Скопје – Охрид. Четкар во Сабота во локалот “Бонанца” ќе има свој настап, па ете ви прилика да уживате во звуците на виртуозниот музичар. Во меѓувреме, тој пушти кратко видео со кое го најави својот нов проект.

Teaser #2!!!Добар Ден Најубај Души!! Ви праќам едно мало музичко ветерче за освежување на горештиниве! 😀 Целото музичко видео ќе го промовираме за неколку дена Ciao beautiful people!!!Here is the second clip from my upcoming new music video 'Going Home' which was shot in Ohrid and NYC! Enjoy the summer breeze, and the Disco touch 😉

Публикувахте от Vladimir Cetkar II в Вторник, 9 юли 2019 г.

Петар П.