Дома Македонија Каракамишева потврдува дека платата ќе биде 500 евра, открива и на кој...

Каракамишева потврдува дека платата ќе биде 500 евра, открива и на кој начин

Loading...

Статус на Тања Каракамишева: ,,ЗЗ се надева дека ќе се спаси од секојдневните бламови и глупости што ги прави со мерките што на големо ги крчка во Министерството за финансии. Затоа беше и неговото тепање да го преземе кормилото на финансиите.

Идејата што на големо ја реализира во моментов ЗЗ не му се допаднала на Тевдовски и неговиот тим поради што тој морал демонстративно да ја напушти Владата. Неофицијално, караниците меѓу Тевдо и ЗЗ биле големи поради несогласувањата околу имплементацијата на “проектот на ЗЗ”.

Планот на ЗЗ е предизборно да се впушти во голема операција на субвенционирање на придонесите на буџетарите за 2 месеца со што практично има за цел да прикаже во јавноста дека не лажел за ветувањето 500 евра плата.

Во што се состои измамата? Планот е на секој буџетар бруто платата да му се исплати директно на сметка.

Пример, ако еден буџетар има нето 250 евра плата по новините на ЗЗ ќе му биде исплатена целата бруто плата што стигнува до 500 евра.

Предизборно таа бруто плата ќе му остане цела за трошење бидејќи државата ќе му ги субвенционира придонесите првиот, а може и вториот месец. На овој начин ЗЗ планира да ќари гласови за избори со цел повторно да победи.

Но, каде лежи заблудата и измамата во концептов. Ќе завршат изборите и ќе престанат субвенциите.

Секој од нас ќе.треба сам да си уплаќа придонеси што значи повторно ќе дојдеме до истата нето плата што сме ја земале и претходно.

Голем дел од луѓето ќе се залажат дека можеби и нема потреба да плаќаат се, дека се на пример млади да мислат на пензија, или дека нема потреба да плаќаат здравствено кога ако се разболат одат на приватно лечење.

Пристапов за кратко ќе ги срози и онака кревките фондови за пензиско и здравствено осигурување кои пак се единствената потпора врз која се крепат ранливите категории на граѓани.

Концептов сами плаќајте си ги придонесите е копија на УСА моделот кој го доведе американското јавно здравство во целосен колапс.

И кај нас тоа е идејата, да се срушат државниот здравствен и пензиски фонд и се да се приватизира по моделот на првата и најголема транзициска кражба на општествениот капитал што ја направи Бранко Црвенковски.

Целава акција се чува во тајност и никој нема храброст да објасни кој е дилот што ЗЗ го има направено со фармацевтските и здравствени тајкуни во однос на оваа втора голема приватизација што ја крчка СДС, бидејќи позадински план со нив ЗЗ има.

Едно е сигурно дека граѓаните повторно ќе бидат насамарени, некои од нив полакомени од концептов нема ни да приметат дека пак ќе бидат извозени и на крај оставени со прстот во уста.

Најсиромашните слоеви од граѓаните ќе бидат и најмногу погодени бидејќи нивните примања не се доволни ниту за еден болнички ден во приватните клиники а камоли за нешто повеќе. Да не зборуваме за плаќање на скапи лекови кои по овој концепт нема да има пари да бидат партиципирани од државата.

Тевдовски бил целосно во право кога се спротивставил на концептов. Истиот е во директна спротивност со Уставот и со дефиницијата дека Република Македонија е социјална држава.

Каде е социјалниот карактер на државата, во што го гледаат социјалниот карактер после овој евентуален упад и крах на системот ќе треба да одговорат социјалдемократите.”

Loading...