Дома Останато Пастор Филип Иванов: Погрешно е мислењето дека кога Исус ќе дојде повторно...

Пастор Филип Иванов: Погрешно е мислењето дека кога Исус ќе дојде повторно на земјата ќе биде крајот

Пастор Филип Иванов: ,,Кога Христос ќе дојде на Земјата повторно, нема да биде крај на светот, само ќе биде крај на светот каков што ние го знаеме.

Апокалипсата за која зборува Библијата не е просто разорување и уништување на сѐ што постои, туку моќно откровение на славата Божја и потполна манифестација на новото создание во Христос. Самиот збор „апокалипса“ значи откровение, не уништување, да бидеме на чисто.

Всушност, тоа се случува секојпат кога Христос ќе дојде во нечиј свет, односно живот, не доаѓа конечен крај, туку започнува изградба на еден нов свет во кој пред целото небо и земја се покажува силата на Христовото искупување.

Знаејќи го ова, првите христијани постојано се молеа и велеа „Мараната!“ што значи – „Дојди Господе Исусе!“. Мараната!”