Дома Останато Неколкумина настрадани во хотели – Американците масовно ги откажуваат аранжманите во Доминикана

Неколкумина настрадани во хотели – Американците масовно ги откажуваат аранжманите во Доминикана

Поради мистериозни случаи на смерт, Американците масовно ги откажуваат резервациите во Доминиканската Република. Сè почна од 63 – годишниот Едвард натаниел Холмс и неговата 20 години помлада сопруга Синтија Ан Деј кои заминале во Доминиканската Република на одмор од соништата.

Уживале на плажа, во ресторан, споделувале фотографии на социјалните мрежи, но следното утро не се разбудиле. Причината за смртта бил белодробен едем . Овој случај покрена истрага во која се вклучи и ФБИ .

Било утврденио дека уште неколку американски туристи наеднаш починале под мистериозни околности во рок од еден месец. До сега девет случаи се откриени, а нема одговор како здрави луѓе починале за само неколку часа по доаѓањето во оваа карибска земја. И тоа исклучиво американски државјани.

Во медиумите излезе и сведочењето на Кајлин Кнул и Том Швандер , што ги престраши туристите.

,,Кога влеговме во собата , почуствувавме силен , непријатен мирис, како некој да истурил боја или хемикалија. Почна да ни тече лига од устите и солзи од очите. Но , сепак легнавме да спиеме. Во еден момент , среде ноќ се разбудивме мокри од пот. Веднаш ја напуштивме собата и се качивме на авион за дома.”

Сега тие го тужат ексклузивниот ризорт и бараат еден милион за обештетување. Велат дека по враќањето во САД било утврдено декаимаат труење и дека со недели имале грчеви и други симптоми.