Дома Балкан По поразот се огласи и Ципрас и најави дека утре веднаш ќе...

По поразот се огласи и Ципрас и најави дека утре веднаш ќе го повика Мицотакис за да му ја предаде функцијата

-Се боревме и постигнавме многу секогаш со крената глава и сега, повторно со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот.

Со крената глава бидејќи знаеме дека Грција што ѝ ја предаваме на новата влада нема никаква врска со тоа каква беше Грција кога ја презедовме, истакна Ципрас.

Ципрас истакна дека веднаш му ја честитал победата на Кирјакос Мицотакис а најави дека утре ќе го прими во премиерската палата за да му ја предаде функцијата.

Алексис Ципрас истакна дека тие ќе бидат одговорна и динамична опозиција, а говорејќи за изминатите четири години рече дека донеле тешки одлуки и презеле тешка политичка цена, кое и денес го плаќаат, бидејќи „изборната доминација на Нова демократија е јасна“ и додаде дека изборниот резултат не е стратешки пораз за СИРИЗА.

Извор: Магазин

Loading...