Дома Балкан Падна Ципрас – нов Премиер на Грција ќе биде Мицотакис кој освои...

Падна Ципрас – нов Премиер на Грција ќе биде Мицотакис кој освои огромна победа

На денешните парламентарни избори во Грција, опозициската партија Нова Демократија чиј лидер е Кирјакос Мицотакис однесе голема победа, со преку четириесет проценти од гласовите.

Се очекува Мицотакис да може да формира самиот влада, бидејќи според Грчкиот изборен модел, победникот на изборите добива плус 50 пратенички места.

Досега владеачката Сириза, на Премиерот  Алексис Ципрас освои нешто повеќе од 28 проценти од гласовите и оди во опозиција.

Според грчките аналитичари, пресудно за победата на опозицијата на овие избори, покрај партиската база, биле и гласовите на неопределените, на кои не им се допаѓала политиката на Ципрас, а пред сè Преспанскиот договор, кој се оценува како еден од клучните мотиви за глас против Ципрас.

И покрај стравувањата на некои политички кругови во Македонија дека по победата, Мицотакис би можел да го ревидира договорот од Преспа, сепак, до такво нешто најверојатно, а и како што изјавуваа претставници на Нова Демократија во предизборието, нема да дојде.