Дома Балкан Луѓе, не оставајте ништо вредно во кола – пред маркет во Никити...

Луѓе, не оставајте ништо вредно во кола – пред маркет во Никити не ограбија

Loading...

Автомобил на српски туристи бил насилно отворен и од багажникот им украле две торби со техника вредна 2.000 евра во Никити, на почеток на вториот крак во Грција.

Својата приказна туристите како предупредување ја споделија на социјалните мрежи.

Претпоставуваме дека некој нè следеше и виде што носиме со себе. Предупредуваме и потсетуваме: Немојте да оставате ништо вредно во автомобилите, ништо што би им привлекло внимание на кратците, пишува ограбеното семејство.

Оштетените туристи додаваат дека кражбата се случила во раните утрински часови, кога влегле во еден од маркетите во Никити. Крадците го искористиле моментот да им ги земат торбите во кои имало „го про“ камера, дрон и телефони.

Возиме „фиат пунто“, што ни е уште еден знак дека некој нè гледал и следел. Случајот го пријавивме во полиција, но не очекуваме дека нешто ќе ни биде вратено.

Најлошото е што ова ни е првпат да оставиме вредни работи во автомобилот. Возилото ни го отклучија без траги од насилство, пишуваат туристите.

Loading...