Дома Балкан Борисов со пофалби за Пендаровски: Тој вистински ја разбира заедничката историја

Борисов со пофалби за Пендаровски: Тој вистински ја разбира заедничката историја

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов најави дека ќе има средба со Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, следната недела во Сараево на состанокот на
ПСЈИЕ.

Борисов, во статус на социјалните мрежи, по средбата со премиерот Зоран Заев во Познањ го пофали Пендаровски дека ја разбира вистината за заедничката историја, вклучително и делот за Гоце Делчев.

-Бугарската страна уште од 1992 година настојува за објективно претставување на историските факти. Задоволни сме што постепено, а се надеваме и трајно, вистината за заедничката историја вклучително и за Гоце Делчев почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република Северна Македонија, како на пример претседателот
Стево Пендаровски, напиша Борисов.

Тој е оптимист дека до крајот на годинава, заедничката комисија составена од експерти по историја од двете земји ќе
постигне согласност за темите како Илинденското востание и за Гоце Делчев.