Дома Магазин (ВИДЕО) Ноле Ѓоковиќ испрати специјален поздрав за Македонија – ја отпеа “Македонско...

(ВИДЕО) Ноле Ѓоковиќ испрати специјален поздрав за Македонија – ја отпеа “Македонско девојче”

Еден од најдобрите тенисери на светот, кој во последните неколку години забележа пад во кариерата, од крајот на минатата и почетокот на оваа година повторно се враќа на старите патеки во кариерата.

Новак важи за Балканска икона, човек за кого навиваат вљубениците во белиот спорт ,,Од Вардара, па до Триглава”, иако тој потекнува од Србија.

Ѓоковиќ плени со својата појава, со сликата за семеен и човек со вредности, кои многупати до сега ги има покажано. Тој во кариерата, многу пати ги има исфрустрирано најголемите величини во овој спорт, како Федерер и Надал.

Ноле знае дека во Македонија има многу фанови. Тоа се покажа и од видеото кое денес се појави на социјалните мрежи, а на кое Ѓоковиќ во опуштена, домашна атмосфера во видео во живо, заедно со свој пријател ја пее легендарната Македонска песна ,,Македонско девојче” и бара од фановите да му пуштаат фотки од Охрид.