Дома Uncategorized Митко Чавков порад безбедносни причини преместен во друг Македонски КПД

Митко Чавков порад безбедносни причини преместен во друг Македонски КПД

Loading...

Од Шутка, преку Идризово, до Штип – вакво е затворското патешествие на поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, осуден за настаните од 27 април. Најпрво тој самиот побарал да биде преместен во Идризово, но во овој затвор не останал долго.

Веднаш потоа бил префрлен во штипскиот затвор. Информацијата за 1ТВ ја потврди директорот на Идризово Боби Мојсковски. Вториот трансфер се случил, вели Мојсовски поради безбедносни причини, но не прецизираше какви.

-Вчера утрината околку 08.30 часот, Чавков побарал да биде преместен. Од Идризово, на мое барање, дадов предлог до Управата за извршување на санкции за негово преместување, поради безбедносни причини.

Од управата за извршување на санкци го прифатија мојот предлог, по што Митко Чавков беше преместен во затворот во Штип. Во Идризово има 1.200 затвореници, во Штип има помалку, поради тоа сметам дека таму ќе биде побезбеден, сепак станува збор за поранешен функционер, рече Мојсовски.

Чавков беше во притворското одделение во затворот Шутка, за собраниските настани пред 2 години. Тој беше осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок, односно дека како носител на златната команда дал наредба за пасивна употреба на полициските сили.

Loading...