Дома Магазин Горда мама – Татјана Стојановска се пофали со пораснатиот син Матеј (ФОТО)

Горда мама – Татјана Стојановска се пофали со пораснатиот син Матеј (ФОТО)

Татјана Стојановска неодамна објави фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година „Мојата гордост. Мојот син“, напиша Татјана која ретко објавува фотографии со синот, чиј татко е музичарот Благоја Грујовски.

Татјана и Благоја Грујовски се разделија во 2007 година. Тогаш изјавија дека решиле оти подобро ќе функционираат раздвоено и остануваат во пријатеслки односи.

Неодамна, презентерката која важи за една од најнегуваните кај нас, проговори за својот љубовен живот.

„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил.

Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Извор: ЖМ