Дома Свет Силен земјотрес во Калифорнија – се јавува за повредени, распукани патишта

Силен земјотрес во Калифорнија – се јавува за повредени, распукани патишта

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтерoвата скала, утринава ја погоди Јужна Калифорнија. Епицентарот на потресот е на околу 200 километри североисточно од Лос Анџелес, во близина на градот Риџкрест.

Тамошните медиуми јавуваат за голем број на повредени лица, и материјални штети. Од силината на потресот голем дел од патиштата во овој регион од Калифорнија се распукале.

-Одеднаш почна сè да се тресе и да паѓаат предмети од полиците. Многу се исплашивме и излеговме надвор, беше страшно, раскажува потресена вработена во маркет.

Многу жители беа вознемирени, затоа што апликацијата за паметни телефони во градот, не испратила предупредување однапред. Потоа, градските власти рекоа дека ќе ги променат параметрите на апликацијата за издавање предупредувања за помали земјотреси.

Ова беше најголемиот земјотрес кој ја погоди Јужна Калифорнија од 1999 година, кога од земјотрес со јачина од 7,1 степен, беше погоден најоддалечениот дел од пустината Мохаве.

Во 1994 година, најмалку 57 лица загинаа кога земјотрес со јачина од 6.7 степени ја погоди населбата Нортриџ во Лос Анџелес, предизвикувајќи штета од 25 милијарди долари.

Извор: CNN