Дома Балкан Мицотакис: Договорот нема да биде поништен, ама странците ќе научат дека Македонија...

Мицотакис: Договорот нема да биде поништен, ама странците ќе научат дека Македонија е Грчка

-Мојата процена е дека еден меѓународен договор, ратификуван од грчкиот Парламент не се поништува еднострано. Ако го прочитате договорот, самиот договор не остава простор за еднострано поништување. Затоа бев многу искрен со грчкиот народ во Парламентот и сите пратеници ги поставив пред нивната одговорност.

Им реков внимавајте што правите бидејќи овој договор, ако се ратификува, многу тешко ќе се смени во иднина. За жал договорот беше ратификуван, рече Мицотакис и додаде дека сега, тие се повикани да ги „соберат остатоците”, односно како што рече „стотици бизниси во Северна Грција што го носат името Македонија или ја користат придавката „македонско/а/и” се чувствуваат незаштитени”.

Мицотакис уште еднаш ја спомена нивната намера да спроведат голема меѓународна кампања за „вистинската грчка Македонија”.

-Сега веќе имаме една Северна Македонија, која има Македонци признаени од договорот, кои говорат македонски јазик и ја имаме грчката Македонија, а еден граѓанин од странство со право се чувствува збунето.

Ќе научи граѓанинот од странство дека кога говориме за Македонија, првата работа што му доаѓа на памет е грчката Македонија, нашата класична култура, рече лидерот на Нова демократија.