Дома Магазин Авалон најави концерт на Тамара, а потоа мораше да брише коментари

Авалон најави концерт на Тамара, а потоа мораше да брише коментари

На својата официјална фан страна, продукцијата Авалон објави концертен настап на Тамара Тодевска:

ТАМАРА СО СПЕЦИЈАЛЕН КОНЦЕРТ ВО ОХРИД! 27.07.2019, АНТИЧКИ ТЕАТАР

Драги пријатели, Големо задоволство ни е да ви најавиме дека извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, во Охрид.

Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите.

Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со PROUD околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија…”

Навидум обичната најава за концерт се претвори во дебата, со политичка конотација, каде беше напаѓана Тамара, па администраторите реагираа:

,,Почитувани, најљубезно ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да не пишувате коментари со навредлива содржина и да не употребувате говор на омраза! Во спротивно истите ќе бидат избришани. Доколку имате било какви прашања, нашите администратори ви стојат на располагање во инбокс. Поздрав и убав ден на сите.”