Дома Свет Трамп имаше интересна комуникација со сопругата на Аргентинскиот Претседател (ВИДЕО)

Трамп имаше интересна комуникација со сопругата на Аргентинскиот Претседател (ВИДЕО)

Џулијата инаку важи за една од ректите жени кои можат да ја засенат убавината и стилот на Меланија, а однесувањето на Трамп дефинитивно оди во прилог на таквите тврдења.

Имено, додека светските лидери позираа за потребите за заедничката фотографија, Трамп се сврте спрема аргентинскиот претседателски пар, кој стоеше зад него, па им дофрли нешто на што сите гласно се насмеаја, а тој потоа гордо се сврте напред, со огромна насмевка.

Пред оваа ситуација, која веднаш го предизвика вниманието на корисниците на социјалните мрежи и на светската јавност, Доналд и Џулијана се ракуваа, но и се бакнаа во образ.

„Трамп ги игнорира светските лидери и флертува со првата дама на Аргентина. Изгледа таа е негов тип“, „Сакате да се обложите дека ќе отпатува за Аргентина во период од следните три месеци?“, „Изгледа Меланија е престара за него, па сега бара нови модели“ – беа само некои од коментарите.

Инаку, Џулијана е мажена за аргентинскиот претседател Маурисио Макри, а оваа 44 годишна жена “ги краде“ сите погледи каде и да се појави, благодарејќи на специфичната, впечатлива појава, згодната фигура но и одличниот моден стил.