Дома Свет Се ракуваа и разговараа Трамп и Кинескиот Претседател – дали ова ќе...

Се ракуваа и разговараа Трамп и Кинескиот Претседател – дали ова ќе значи крај на трговската војна

Трговскиот конфликт помеѓу САД и Кина им штети не само на двете најголеми економии, туку и на остатокот од светот. Сега претседателите Трамп и Ши се договорија да разговараат.

Американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со кинескиот колега Ши Џинпинг на маргините на самитот на Г20 во Осака изјави дека разговорите биле „извонредни“.

САД ветиле дека веќе нема да воведуваат казнени царини за кинескиот извоз, јави кинеската агенција Ксинхуа. Деталите сега треба да ги договорат преговарачки тимови од двете земји. Во меѓувреме, Трамп на прес-конференција соопшти дека САД засега нема да воведуваат нови специјални царини за увозот од Кина.

Целиот текст прочитајте го на DW