Дома Свет (ВИДЕО) Едни од омилените авиони со кои летаат Македонците паркирани на паркинг...

(ВИДЕО) Едни од омилените авиони со кои летаат Македонците паркирани на паркинг за автомобили

Поради проблеми со сензорите во системот за контрола на летот, сите „Боинг 737“ авиони се приземјени откако неколку од нив се урнаа.

Големиот број приземјени создаде нов проблем за компанијата која бара начин каде да ги смести авионите, па пронаоѓа и алтернативи.

Во Рентон, Вашингтон каде е фабриката на „Боинг“, бројот на приземјени авиони е толку голем што некои од нив се паркирани на паркинг местата наменети за автомобилите на вработените.

Како што пишува Блумберг, ширум светот се приземјени околу 500 авиони „Боинг 737 макс“, а стотина од нив се во фабриката во Рентон.