Дома Македонија Тихомир Јанчовски: Моментално во Македонија се останати само бавните, мрзливите, некадарните, неработниците

Тихомир Јанчовски: Моментално во Македонија се останати само бавните, мрзливите, некадарните, неработниците

Статус на Тихомир Јанчовски: ,,Мојот народ исчезнува. Луѓето што го зборуваат мојот јазик – ги снемува. Бројот на тие што умираат е поголем од бројот на родените, а и од оние што останаа многумина се иселуваат решени да заборават кои се и од каде се. Така им е полесно.

Ако се погледне големата слика, и шумата место дрвјата, сеедно е дали на власт е едната или другата партија, кој е премиер или претседател, и каква е политиката – оти умирањето продолжува, и никој не мрда ни со прст ни со мисла да ја запре чумата. И не е само мојот народ, истото е и со соседите…

Ние, балканските земји, во овој несреќен 21 век сме ростер за жива сила што заминува во земјите со повисок стандард и поразвиена економија, а кај нас не доаѓа никој и земјите запустуваат. Многу населби се испразнија, полињата се опустошени и здивуваат, селата стануваат змијарници…

Loading...

Главниот проблем на овие општества (за кој никој збор не кажува) не е демократијата ниту легализацијата на марихуаната, веганството, лгбт правата или штетноста на цигарите (тоа се теми за затапување и искривоколчување на свеста и одвлекување на вниманието од битните работи), туку перверзната светска политика на создавање нееднаквост преку единствени цени за берзата на материјалите и производите, и различни цени на трудот.

Златото, нафтата, бакарот, житото – имаат иста цена секаде, а човек за истата работа во Македонија (или Србија, Хрватска, Пакистан, Гватемала) добива многукратно помалку од оној во „развиените“ западни земји. Најголемото зло денес е да бидеш евтина земја, оти од неа сите бегаат во скапи земји, а во неа никој не доаѓа.

Затоа некои земји умираат. Искрено да си кажам, нема голема разлика дали примаш 30.000 денари во Македонија или 3.000 евра во Германија, ама никој од таму нема да дојде да ја работи истата професија тука, а многу тукашни заминуваат таму (или во Шведска, Австралија, САД, Швајцарија…), заради разликата во цената на трудот.

Во Скопје фрчат огласи за работа на кои никој не се јавува, оти оние што умеат нешто да работат одат на Малта, во Дубаи, во некоја ЕУ или прекуокенска земја, Кина… Овде се јавуваат масовно само на огласи за паразитски работни места и државна администрација, а тоа е профил на упропастени луѓе што немаат вистински способности и не можат да отидат никаде дури и да сакаат, оти немаат конкретна професија ни вештина.

Тие се буџетски цицалчиња и не можат да пораснат. Моментално, од овде си заминуваат доктори, медицински сестри, плочкари, ѕидари, столари, молери, келнери, инженери, чистачи, професори… и сите што знаат јазик, имаат вешти раце и ги бива за нешто, а остануваат само бавните, мрзливите, некадарните и неработниците. Тие веќе се мнозинство. Ако вака продолжи, само тие и ќе останат.

Во фалениот и долгопосакуван урбан и „демократски“ живот, квазипрогресивците ја прифаќаат дебилната неолиберална пропаганда и шират небулози против животот и нормалноста, а квазиконзервативците крадат на големо, перат пари, шират легализам и се занесуваат дека ќе бидат новиот Тито или Путин.

Квазиобразованието што дели титули и звања како евтини патлиџани во јули, и квазимедицината што ги навлекува луѓето на хемија за цел живот се во функција на кастрирање на мажите и жените од сите општества и тие заглавуваат во новата „религија“ на индивидуализмот, себеусовршувањето и егоизмот, неспособни да љубат и да се размножуваат… си го наоѓаат своето место во машината на стравот и бесмислата.

Ако ги снема луѓето што го зборуваат мојот јазик, јас ќе нема за кого да пишувам. Ќе нема кој да чита. Не сакам да ги снема, и не сакам да си заминам од Македонија, ама не сакам ни да умрам во земја за која ќе знам дека нема долго да ме надживее.

Кога човек е болен, се бори со болеста, и излезот е двоможен: или ќе се излекува, или ќе умре. Исто е и со народите и нивните држави. Се надевам дека моите ќе оздрават. Со почит, Тихомир.”

Loading...