Дома Останато Австралиската МИС спречена да го напушти Бали – причината водена дамка во...

Австралиската МИС спречена да го напушти Бали – причината водена дамка во пасошот

Теган била спречена да се качи на авион и да си замине од Бали , откако аеродромската полиција забележала траги од вода на нејзиниот пасош. Teган вели дека била запрена на аеродромот во Денпасар и поради баналниот проблем со пасошот ќе ја пропушти добротворната гала забава на својот пријател во Сиднеј.

Целата приказна беше споделена на Инстаграм со објава на фотографијата од пасошот каде се гледа мала трага на местото каде што пасошот бил влажен. “Не можев да заминам поради оваа дамка во аголот на пасошот. Дали ова му се случило на некој друг?” пишува убавата Теган во описот.

И други ги споделија своите искуства откривајќи дека слични проблеми им се случиле поради што Теган ќе мора да остане подолго на Бали отколку што планирала.

“Ви благодарам на сите за вашата загриженост и совети. Се чини дека ова им се случило на неколку луѓе. Вечерва ми недостига семејството и добротворна вечера на мојот пријател Дони. Јас сум очајна поради тоа, со нетрпение очекувам ја очекував”, изјави 26-годишната манекенка.