Дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ пред еден месец катастрофално загуби во родниот град на Николовски, тој...

ВМРО-ДПМНЕ пред еден месец катастрофално загуби во родниот град на Николовски, тој сега се надева на победа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски гостуваше во Алсат телевизија. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори, Николовски рече:

,,Утре сме спремни за избори, тоа е најмал проблем. Проблемот е што Заев станува веќе несериозен за коментирање и создавање било каква стратегија во однос на неговите изјави затоа што пречесто ги менува.

Loading...

Тој рече дека ако нема датум во јуни ќе се оди на избори, еве нема датум а гледате дека веќе не зборува за избори.

Така што несериозно е да се коментира Заев, а ние сме спремни утре да има избори затоа што знаеме дека ќе победиме на изборите.”

Николовски заборава дека пред повеќе од еден месец, на изборите за градоначалник во Охрид, неговиот роден град, ВМРО-ДПМНЕ загуби катастрофално. Партијата ВМРО-ДПМНЕ треба да размисли дали е во ред да има потпретседател, кој не може да обезбеди гласови ниту во сопствениот двор.

Loading...