Дома Свет Трамп откри зошто во последен момент го сопрел нападот на Иран –...

Трамп откри зошто во последен момент го сопрел нападот на Иран – 10 минути биле во прашање

Иран и САД ноќта од четвртокот кон петокот беа на раб на отворена војна. Американски претседател Доналд Трамп одобри воени напади врз Иран во знак на одмазда за уривањето на беспилотното летало вредно над 130 милиони долари, но ги откажа во последен момент.

Трамп најпрвин за откажувањето на нападите прозборе преку Твитер.

„Во понеделникот урнаа дрон без екипаж кој леташе над меѓународни води. Минатата ноќ бевме спремни да одговориме со удар на три различни цели. Кога прашав колку луѓе ќе загинат, генерал ми кажа „150 луѓе, господине“. Десет минути пред нападот го сопрев.

Тоа не е пропорционален одговор на уривање дрон без екипаж. Не се брзам, нашата војска се гради и спремна е, најдобра е во светот. Санкциите ги нагризуваат, а синоќа додадовме дополнителни. Иран не смее НИКОГАШ да има нуклеарно оружје, не против САД, не против светот“, напиша Трамп.