Дома Македонија Игор Александров од Австралија: Сега демек преговараат за Гоце, а со Преспанскиот...

Игор Александров од Австралија: Сега демек преговараат за Гоце, а со Преспанскиот се откажаа од него

Статус на Игор Аврамовски Александров од Австралија:

,,Додека се занимаваме со тоа дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, како да подзабораваме дека за ‘државата’ која преговара во наше име постојат само Грчки ‘македонци’ и ‘македонци’ чиј идентитет извира од територијата на ‘Република Северна Македонија’, а која не постоела како таква во времето на Гоце и не го опфаќа неговото родно место или македонскиот идентитет што постоел во неговото време.

За што ‘преговараат’ претставниците на Северната дивотворба? Дали Гоце бил Бугарин или Грк? Бугарин или Северџан?

Или како да го продадат на јавноста фактот дека со Преспанскиот договор и нелегитимниот устав на ‘Северна Македонија’ се оградија од Гоце и од македонската народноослободителна борба, која неговото име ја симболизира?”