Дома Свет (ВИДЕО) По потерница со хеликоптер во Италија фатени Македонци со „БМВ“ џип

(ВИДЕО) По потерница со хеликоптер во Италија фатени Македонци со „БМВ“ џип

Во раните утрински часови, сообраќајната полиција на Италија, поточно на Пиза и на Ливорно и одделот за превенција на криминалот во Фиренца, спроведоа акција во која беше употребен и хеликоптер, со цел да се запленат возилата кои немаат соодветно осигурување.

Во таа акција е сопрен и џип „БМВ“ со двајца државјани од Македонија, пишува „Ланационе“.

Засега не се открива идентитетот на државјаните, како и тоа дали возилото било со македонски или со италијански регистарски ознаки.

Во акцијата запленети се уште неколку возила кои не поседувале соодветно осигурување, возачите се приведени, а возилата одземени, и се води понатамошна постапка.