Дома Македонија Се огласи Борче Гиноски, за кого Бранко Геровски кажа дека му претел...

Се огласи Борче Гиноски, за кого Бранко Геровски кажа дека му претел во пораки

Новинарот Бранко Геровски, синоќа објави комуникација од месинџер, за која тврдеше дека добил закана од член на СДСМ, во врска со текстовите кои ги објавува.

Денес, посочениот Борче Гиноски се огласи на социјалните мрежи со објаснување дека немал намера да му се заканува на новинарот Геровски:

,,Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Геровски, кого го почитувам. Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство.

Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите.

Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината.”