Дома Македонија Платите во Македонија растат: Познато и за колку

Платите во Македонија растат: Познато и за колку

Државниот завод за статистика бележи зголемување на просечната исплатената нето и бруто плата во април годинава во однос со истиот период лани.

Според денеска објавените податоци, просечната исплатена нето плата по вработен во април изнесувала 24.785 денари и таа е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, додека бруто платата изнесувала 36.796 денари и кај неа има зголемување од 4,8 проценти.

Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни услужни дејности.

Во однос на март годинава, зголемување на платата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Транспорт и складирање.